Paketce.mk ви овозможува да го платите одбраниот производ преку следниве опции:

• Онлајн со платежна картичка (во моментот кога ја потврдувате нарачката)

• Во готово (при испораката на нарачката на адресата за испорака)

• Преку банкарски трансфер (со налог) општа уплатница – ПП30 или преку Интернет банкарство

Плаќање онлајн со платежна картичка:

Купените производи можете да ги платите во моментот кога ќе ја комплетирате нарачката, со платежна картичка од сите домашни и странски банки.

Платежни картички од брендот Mastercard, Visa & Maestro се прифатливи за плаќање на нашата е-продавница.

Плаќање при испорака на нарачката:

Оваа опција ви овозможува да нарачате производ и при самата испорака на дадената адреса да го извршите плаќањето. Плаќањето при испорака на соодветната адреса се извршува во готово или на ПОС терминал со платежна картичка за нарачките на територијата на Град Скопје (потребно е да наведете доколку плаќањето ќе го реализирате со платежна картичка). Во случај примачот да не е во можност да ја прими пратката на наведената адресата, доставувачот е должен да остави известување за пратката.

Плаќање преку банкарски трансфер:

Кога вашиот избор на плаќање е преку интернет банкарство, на вашата еmail адреса ќе добиете фактура со сите потребни информации за плаќањето, вклучувајќи го и бројот на сметката на која што треба да се уплати сумата од нарачката.

Потоа можете да ја извршите уплатата преку Интернет банкарството од банката чии услуги користите или налог ПП30 во најблиската банка.

По приемот на уплатата, ние ќе ви ги испратиме нарачаните производи на наведената адресата за испорака.

Податоци за уплата:
КОФИ ХАУС БИД ДОО СКОПЈЕ
250-0010040624-37
Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје