Paketce.mk управувано преку правното лице КОФИ ХАУС БИД ДОО СКОПЈЕ во случај на рекламација постапува согласно Закон за заштита на потрошувачите (или според Закон за облигациони односи доколку се работи за правно лице).

Доколку имате рекламација препорачуваме да не контактирате преку емаил на sakampaketce@gmail.com

Доколку имате дополнителни прашања околу вашата рекламација или ви е потребно било какво дополнително објаснување, можете да не контактирате преку емаил или на телефонскиот број 078 649 388.

Рекламација на оштетување настанато во транспорт

Откако ќе биде испорачан производот/ите, препорачуваме да извршите детална прооверка дали производот/ите се пристигнати на ваша адреса неоштетени. Рокот за пријава на рекламација на оштетување при транспорт е 24 часа од моментот откако пратката ќе ви биде доставена. Доколку забележите оштетување (односно доколку производот/ите се оштетени и сл.) испратете ни фотографија од амбалажата и производот на sakampaketce@gmail.com

Покрај фотографијата, потребно е да наведете и време кога е извршена испораката, како и број на малопродажната фактура по кој сте го купиле производот или фискална сметка доколку производот е платен во готово при достава.

Доколку утврдиме дека вашето барање е оправдано во тој случај вашата рекламација ќе биде процесирана во најкраток можен рок и ќе ви биде доставен нов производ или рефундирани вашите средства.