КОФИ ХАУС БИД ДОО СКОПЈЕ ќе ги користи личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци и со други соодветни регулативи на Република Северна Македонија. Нема да ги објави личните податоци пред ниту една трета страна, освен во случаи каде што тоа е дозволено или законски пропишано, со цел да ги искористи своите права или да ги заштити своите интереси или да постапи во согласност со судските наредби или други правни или регулативни потреби. Како лични податоци се сметаат: Име, Презиме, ЕМБГ, адреса, е-маил адреса и сл. Купувачот лично гарантира за точноста на внесените податоци. КОФИ ХАУС БИД ДОО СКОПЈЕ не сноси никаква одговорност доколку внесените податоци не се точни.
Цените на сите производи на веб-сајтот paketce.mk се изразени во денари. КОФИ ХАУС БИД ДОО СКОПЈЕ го задржува правото за промена на цените, во согласност со политиката на компанијата, без известување за корисниците. Корекција на цената нема да биде извршена ако нарачката е прифатена. Купувачот се обврзува да ја плати цената која е понудена во моментот на извршување на нарачката, независно од фактот што цената може да биде променета во меѓувреме.
КОФИ ХАУС БИД ДОО СКОПЈЕ ги превзема сите потребни мерки за заштита на личните податоци, со цел да спречи загуба, кражба и злоупотреба, како и неавторизиран пристап, промена или уништување преку користење на SSL безбедносен сертификат, преку кој целата комуникација помеѓу серверот на https://www.paketce.mk и корисникот е енкриптирана. КОФИ ХАУС БИД ДОО СКОПЈЕ во текот на целиот процес на трансакцијата нема никаков увид во бројот, датумот на издавање, датумот на важност, сигурносниот код или било кој друг податок од платежна картичка на корисникот, ниту пак има пристап до било какви информации поврзани со вашата сметка во банка. Податоците се внесуваат на веб страната на процесинг центарот кој ги процесира трансакциите за онлајн плаќање.
КОФИ ХАУС БИД ДОО СКОПЈЕ не одговара за евентуални измени во однос на производите прикажани на фотографиите на официјалниот веб-сајт. Фотографиите прикажани на веб страницата paketce.mk се од информативен карактер.